Работа од соништата, бидете милионер една година

Ако некогаш сте сонувале за патување на луксузни дестинации ширум светот, а при тоа да не потрошите ни едно евро, ова ќе ви биде животна шанса! Една туристичка агенција за луксузни патувања бара некој кој година дена ќе патува со буџет од милион долари и ќе пишува рецензии.

Година дена овој среќник би требало да престојува во луксузни хотели, да јаде во најдобри ресторани, и да ужива на најубавите плажи на светот. На патувањето не мора да биде сам, може да земе уште еден човек со себе.

Со цел да се пријавите за ова работно место треба да се регистрирате на страницата VeryFirst.com/job и накратко да објасните зошто вие ја заслужувате оваа прилика. Покрај тоа треба да доставите и своја биографија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.