Работата на експертската македонско-бугарска комисија е мешање на политиката во историјата

Формирањето на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања е политички чин и има цел „денационализација и деполитизација на минатото“ на нашата земја. Каменот на сопнување е и личноста на Гоце Делчев која одбележа епоха во поновата историја на Македонија, на македонскиот народ и на македонската нација, беше истакнато на денешната научна трибина во Скопје на тема „Животот и делото на Гоце Делчев во колективната меморија на македонскиот народ“ на која учествуваа повеќемакедонски историчари.

Проф.д-р Михајло Миновски истакна дека Гоце Делчев е само Македонец, а нашето историско минато било и е само македонско. Владата на Република Македонија, пак, со потпишувањето на договорите со Бугарија на 1 август 2017 година и со Грција на 17 јуни 2018 година ги прогласила за ништовни сите вредности и постигања на македонската соврема историска наука, на генерациите наши научни работници, професори и акдемици, како Љубен Лапе, Блаже Конески, Александар Христов…

-Владата документирано им потврди на двете договорни страни дека во изминатите седум и пол децении нашата историска наука крадела туѓа и создавала лажна македонска историја. Со Договорот со Р Бугарија и со Договорот со Грција Владата се обврза да ги исправи историските неправди нанесени, да го поврати присвоеното „бугарско“ на Бугарија, „елинското“ на Грција. Спроведе менување на Уставот за бришење на уставното име, а со тоа и на историскиот и државен  континуитет на Република Македонија, продолжува со одмакедончувањето на нашето милениумско историско, политичко и културно минато, вели Миновски.

Според него, под формулацијата за заедничко минато со бугарскиот народ истото се бугаризира, па светите браќа Кирил и Методиј, Климент и Наум биле Бугари, средновековната македонска држава Самоиловото царство било бугарско, сите македонски преродбеници и револуционери биле Бугари, окупирањето на Македонија во време на Балканските и двете светски војни не била окупација, туку ослободување. Во Бугарија нема пирински дел на Македонија, нема Македонци, нема македонско национално малцинство. Со вториот договор, пак, Владата прифати и потврди дека приморскиот дел на Македонија секогаш бил и е грчки, дека немало и нема Македонци, дека нема македонско нациопнално малцинство во грчката држава. Миновски посочи дека во двете национални комисии за спроведување на преземените обрски од договорите има ангажирани историчари да посведочат исторска заснованост на веќе прифатеното.

-Во двата случаја тие се таму за да посведочат дека нашата наука ја кредела историска  и на двата народа и на бугарскиот и на грчкиот. Во случајот со Бугарија во моментот се во застој нивните договорања за Гоце Делчев дали тој бил односно е Бугарин или споделена историска личност. Ние и денеска на ден пред годишнината на Делчевото раѓање на оваа научна трибина го откриваме Гоце Делчев како личност кој одбележа епоха во поновата историја на Македонија, на македонскиот народ и на македонската нација. Го определуваме неговото епохално дело во перспектива на времето што претстои, вели историчарот Миновски.

Историчарот Тодор Чепреганов се осврна на мешањето на политиката во историјата, кое, вели, се прави со образложение дека има цел да даде придонес кон добросоедските односи. Смета дека Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија формирана по потпишувањето на Договорот со Бугарија, има цел да се изврши „денационализација и деполитизација на минатото“ и да се усогласат ставовите како деловите од историјата во учебниците да бидат прикажани на начин кој нема да биде наврделив за никого и во тој контекст да се издвојат датуми за заедничко чествување.

-Досега Комисијата како датум за заедничко чествување на своите влади ги има предложено Св. Крил и Методиј, Григор Прличев, Св. Наум и цар Самоил. Меѓутоа извор на сопнување во работата на комисиите настана кога бугарската страна го истакна барањето да се прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин што македонските членови на Комсииајта не го прифатија, а предложија ден на заедничко чествување да биде пренесувањето на моштите на Делчлев од Софија во главниот град на тогашна НР Македонија што не беше прифатено од бугарска страна. Несомнено дека „ценкањето“ околу датумите, личностите и настаните од македонската историја ќе продолжат имајќи предвид дека се работи за политички формирани кои мора да дадат резултат, а политичките одлуки во случајов треба да бидат потврдени од научни работници со изговор дека политиката немала никаков удел во сето тоа, рече проф. Чепреганов.

Проф Никола Жежов рече дека граѓаните ги прозиваат историчарите во земјава дека молчат, што, според него, за дел од нив делумно е точно. Но, додаде, некои од нив се изјасниле против потпишувањето на Договорот со Бугарија пред тоа да се случи и ги прочита нивните имиња на иницијативата што ја поднеле тогаш.

Научната трибина е во организиација на Социјалистичаката партија на Македонија, а е испровоцирана како што велат од партијата, од актуечните случувања внатре во земјата и надвор од неа и загрижуваќки процеси и појави што се случуваат по потпишувањето на договорите за добросседство и соработка со Бугарија и со Грција.