Работењето на Huawei со мрежите 5G нормално и покрај санкциите од САД

Кинескиот телекомуникациски гигант „Huawei“ порача во средата дека американските санкции не влијаат врз неговото работење со мобилните мрежи од новата генерација 5G, отстранувајќи ги оцените за можни негативни последици од американско-кинеската трговска војна.

„На сите тука им испраќам јасна порака дека санкциите воопшто не влијаат врз нашите постојни решенија во областа на технологијата 5G. На клинетите целосно им го гарантираме снабдувањето за веќе потпишаните договори, но и за оние коишто ќе ги потпишеме во иднина“, тврди заменикот претседател на управата на „Huawei“, Кен Ху, кој одржа прес-конференција на маргините од Конгресот на мобилниот свет во Шангај.

Од кинеската компанија наведуваат дека со повеќето европски клиенти потпишале 50 комерцијални договори за воспостаување на 5G мрежите и порачуваат дека ќе продолжат со вложувањата во безжичните мрежи од новото поколение, па дури и оти ќе ги зголемат.

„Huawei веќе вложи четири милијарди долари во 5G и нашата инвестициска стратегија нема да се промени во следната фаза“, рече Ху.

Штандот на „Huawei“ на споменатиот конгрес е украсен со натписот „5G is on” и ја прикажува оваа технологија во примента во рудниците во централна Кина и во јужнокорејските електронски компании.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара од другите земји да го забранат вградувањето на технологијата на „Huawei“ во мобилните мрежи, особено во оние од новата 5G генерацијата. Станува збор за глобален проект во кој кинескиот концерт треба да ја игра водечката улога.

Американскиот производител на микрочипови „Micron Technology“ соопшти во вторникот дека делумно ги обновил испораките за „Huawei“, и покрај забраната на САД која беше образложена со стравувања за американската национална безбедност.

Медиумите изминатите денови известуваа дека администрацијата на Трамп размислува за барањето опремата за мрежите 5G во САД да се произведува надвор од континентална Кина, што според мислењето на аналитичарите може темелно да ги измени синџирите за набавка.

„Прашањето на ‘Huawei’ го надминува она за 5G, тоа го опфаќа целиот екосистем на прехранбениот синџир во телекомуникациите“, истакнува за Reuters извршниот директор и аналитичар на компанијата „IHS Markit“ за телекомуникацискиот сектор, Стивен Терал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.