Работи за сексот што секоја жена треба да ги знае

Сексот е тема која што секогаш буди интерес кај припадниците на посилниот пол, но истата претставува и нешто интимно за кое што многумина не сакаат да зборуваат отворено.

Разговорот за сексот и начините на кои што истиот може да го подобрите претставува сосема лесна активност доколку се постават вистинските прашања, па така, Лиса Ракин, докторката и авторка на книгата “What’s Up Down There? Questions You’d Only Ask Your Gynecologist if She Was Your Best Friend”, открива како припадничките на понежниот пол да разговараат со својот партнер за овие несекојдневни теми и што е она што секоја жена едноставно мора да го знае за сексот.

fifty-shades-of-grey-sex-image-2-664341710

Разговор за контрацепциска пилула

За сексот е навистина тешко да се разговара кога се наоѓате пред саканата личност, па наместо тоа, за позите кои што сакате да ги пробате, за нештата кои што вам ви се допаѓаат или не ви се допаѓаат, или пак за видот на контрацепција, со вашиот партнер разговарајте во опуштена средина.

Потрудете се околу својот оргазам

Жените кои што можат без проблем да доживеат оргазам во текот на сексот научиле како да изведат вистински притисок над клиторисот. Инаку, сосема нормално е да ви е потребна дополнителна симулација, без оглед на тоа дали станува збор за орален секс, мастурбација или пак користење на секс играчки.

Не може секогаш да се оствари ерекција

По ејакулацијата, поголемиот дел од мажите доживуваат одреден временски период во кој се психички неспособни за ерекција, без оглед на јачината и начинот на стимулацијата.

Сосема нормално е вагината да има одреден мирис

Секоја вагина е поинаква и има единствен мирис, а одредени нешта можат да влијаат на создавањето на оваа миризба. Преголемиот број на бактерии може да предизвика непријатен мирис, како и вежбањето, кое што го зголемува интензитетот на потење во интимната зона која што е преполна со потни жлезди, исто каков што е случајот и со пазувите.

Некои митови би можеле да бидат вистинити

Иако нема силни докази кои што можат да го потврдат митот дека одредени положби за време на и по сексот можат да помогнат во зачнувањето на плодот, овие верувања имаат одредена логика. Така, треба да се одбираат оние положби кои што ќе го оптимизираат количеството на сперма покрај вратите на матката.

Во ред е по малку да се глуми

Секако, глумењето на доживувањето на оргазмот нема да го подобри вашиот сексуален живот, но уживањето и предиграта би можеле да ве доведат до возбудена состојба, дури и доколку првично не сте биле расположени за секс.

Некои жени се алергични на секс

Не станува збор за буквална алергија на секс, но во ретки случаи некои жени имаат алергија на сперма, на презервативи и на лубриканти. Во овие случаи жените најчесто чувствуваат чешање и отекување по половиот однос, а понекогаш овие реакции можат да бидат и опасни по живот. Во тој случај, задолжително треба да се консултирате со доктор.

Откривањето на нови нешта

Секогаш треба да се обидувате со нови пози, а доколку немате идеја, инспирација побарајте во еротските филмови и во книгите.

Договорете состаноци за секс

Доколку се борите со куп од валкани алишта и садови, со обврски околу децата и други домашни активности, големи се шансите да апстинирате од секс. Токму затоа, за сексот сосема да не исчезне од спалната соба, состаноците договорете ги однапред и потрудете се никогаш да не доцните!

Бидете по малку “настрани”

Доколку сте заглавиле во сексуална рутина, вистинско време е да преземете нешто по тоа прашање. Земете неколку играчки за секс и започнете со необична авантура со вашиот партнер, а доколку досега никогаш не сте експериментирале со секс играчки, можеби вистинско време е да направите мал шопинг.

Влијанието на Вијаграта

Вијаграта го зголемува протокот на крв кон клиторисот, а на ист начин доведува крв и во пенисот кај мажите, но изгледа дека жените најчесто се рамнодушни кон оваа физичка промена. Тоа е така затоа што сексуалното возбудување кај жените зависи од многу сложени фактори кои најчесто се од психолошка природа, а не од физичка.

Болката за време на сексот не е нормална појава

Болката за време на сексот е нормална појава при првиот сексуален однос, но потоа, болката е знак за повеќе проблеми. Секако, треба да се има во предвид и дека болката може да биде знак на психолошки проблеми, па затоа, за овој проблем треба отворено да се зборува со партнерот и да се посети доктор.

Неочекуваната желба за секс е и повеќе од добредојдена

Ситуацијата во која жената посакува повеќе секс од својот партнер е сосема нормална, па така, едно интервју покажа дека дури 80% од омажените жени сакаат повеќе акција во спалната соба. Затоа, искрено разговарајте со партнерот и заеднички пронајдете ја причината за неговото намалено либидо.

Сосема е во ред телото да предизвикува звуци

Испуштањето на вагинални гасови се случува кај речиси секоја жена затоа што вагината и матката се поместуваат за време на пенетрацијата, а тоа предизвикува заробување на воздух во внатрешноста. Доколку се случи телото да предизвика вакви звуци, едноставно насмејте се… Сексот би требало да биде забавен и без правила.

Телото може да се прилагоди на “поголем” маж

Вагината со текот на времето може да се прилагоди кон поголемиот пенис, но во голем број на случаи, за тоа е потребно малку повеќе време. Доколку не успеете од првпат, можете да се посоветувате со доктор и да започнете со користење на лубриканти и масажи за опуштање на мускулите.

Одредени фактори можат да го убијат либидото

Хормоните, одредената здравствена состојба и стресот се фактори кои во значителна мера влијаат на либидото. Кога ќе посакате да го прескокнете сексот, разговарајте со својот партнер, имајќи го предвид фактот дека долготрајната врска бара многу разбирање и компромис.

Необичен секрет

Течноста која што се појавува по сексот најчесто е сперма и нејзините остатоци, вклучувајќи ја белковината, лимонската киселина, минералите, ензимите и шеќерот.

Постојат неколку нешта кои што ги забавуваат сперматозоидите

Неколку видови на храна и лубриканти ја намалуваат подвижноста на сперматозоидите, па затоа, доколку сакате да забремените, добро информирајте се за овие фактори.

Избегнувајте ги долгите купки во бањата

Лежењето во полна када со сапуница ги уништува нормалните бактерии и на оние штетните им овозможува размножување, што на крајот секако го зголемува ризикот од вагиналната инфекција.

Во сексот се ужива и во поодминатите години

Само затоа што луѓето стареат не значи дека тие треба да заборават на магиите на сексот. Напротив, по менопаузата, жените повторно се чувствуваат млади.

Постојат различни видови на повеќекратен оргазам

Жените можат да доживеат повеќекратен оргазам на различни начини. Така, оргазмот може да варира од краток и посебен, па се до повеќебројни оргазми во само неколку секунди. Сепак, оргазмот кај секоја жена е единствен и посебен.

Сексот може да биде многу здрав

Безбедниот секс може да има бројни здравствени бенефиции, како што е зголемувањето на плодноста, намалувањето на ризик од срцеви заболувања и зајакнување на имунолошкиот систем.

И жените ејакулираат

Некои жени можат да уринираат во текот на оргазмот, а други пак можат да испуштаат поинакви течности кои што имаат поинаков хемиски состав од урината.

Г-Точка

Иако не постојат медицински докази кои што го потврдуваат нејзиното постоење, многу жени тврдат дека имаат Г-точка. Се смета дека Г-точката е збир на нерви, капилари и жлезди и дека сето тоа е дел од клиторисот кој се наоѓа на околу половина сантиметар во внатрешноста на вагината.