Работилница: Младите да размислуваат за социјално претприемништво

Нудиме едукативни работилници во Скопје и други градови на кои младите имаат можност да добијат информации за социјалното претприемништво, но предвидена е и парична награда како дополнителен стимул, изјави националниот координатор на Наградата Марија Матевска.

За наградата чиј конкурс е во тек, се бираат десет најдобри финалисти. Тие добиваат поддршка за развивање на бизнис-идеите, а во септември се бираат тројцата победници кои добиваат по 2.000 евра, но се бира и четвртонаграден, од заедницата, кој е победник преку он-лајн гласањето. – Тој добива плус инкубациска и менторска помош. Сите заедно потоа имаат можност да патуваат на самит, годинава во Белград, каде се запознаваат со социјални претприемачи од цела Европа зашто оваа награда се имплементира во 18 земји, објасни Матевска.

Во Македонија Наградата за социјално претприемништво се добива трета година. Веќе има успешни примери и практики. – Интересот се зголемува. Првата година имавме 30 апликации, а втората 50. Се повеќе млади луѓе доаѓаат на ваквите настани, аплицираат за работилниците. Се надеваме дека се наоѓаме во фаза на почеток на градење на еко-системот на социјалните иновации и претприемништво, нагласи координаторката.

Бизнисите поддржани од Наградата не создаваат само приход, туку и се грижат за општествените проблеми.