Работнички ја победи Шкендија во Тетово, Вардар се осамува на врвот

(Фото: ФК Шкендија)

Фудбалерите на скопски Работнички  усепаја да дојдат до три бодат во 23-то коло од македонското првенство во борбата за бегство од дното на табелата на гостувањето кај актуелниот шампион  минималната но сосема заслужена победа од 1:0.

Работнички изненаде во Тетово со отворената игра, поголем дел од мечот беше и доминантен и создаде повеќе можности за погодок, но победничкиот гол падна по грешка на домашниот голман. И Шкендија имаше свои шанси, погоди и пречка, но не успеа да ја погоди и мрежата на Работнички.

Клучниот момент се случи во 54. минута кога Себастијан Хера изведе корнер, а Дино Захов лошо реагираше и наместо да ја фати лесно топката, таа му се лизна и заврши зад линијата.

Во финишот од мечот Шкендија доби два црвени картони, Кривак и Мерџани беа исклучени од игра.

Вардар дојде до тежок триумф на Струга ТЛ со кој сега има 10 бода пред Силекс и дури 11 пред Шкендија. Победата од 1:0 ја донесе Евгениј Новак со гол во 69 минута од натпреварот.

Силекс со гол во 85 минута на Иван Ивановски дојде до реми од 1:1 на гостувањето кај Чаир и освои бод кој ги однесе на втората позиција на табелата. Претходно Шкупи поведе во 24  минута со гол на Дарбое, но не успеа да ја задржи предноста.

Академија Пандев продолжува со слабите игри и да тоне, овојпат загуби од Ренова во Струмица со 1:0, а стрелец беше Башким Велија во првото полувреме.

Борец по големата победа над Шкендија, оствари нов триумф со 2:0  на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Головите ги постигнаа Радовиќ и Десниќ во првото полувреме.

Табела:

1. Вардар 46
2. Силекс 36
3. Шкендија 35
4. Ренова 31
5. Шкупи 29
6. Македонија ЃП 29
7. Академија Пандев 28
8. Работнички 28
9. Борец 27
10. Струга ТЛ 25

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.