Работнички на чекор од посакуваното финале

Фудбалерите на Работнички се на еден чекор од посакуваниот пласман во финалниот натпревар од Купот на Македонија.
Избраниците на Игор Ангеловски на најдобар можен начин ја искористија предноста на домашниот терен во првиот полуфинален натпревар и сосема заслужено со 2:0 ја победија гостинската екипа на Брегалница.
Популрните “романтичари” дојдоа во водство веќе во 20 секунда од натпреварот, а погодокот беше дело на Петровиќ. На стартот од второто полувреме во листата на стрелци се запиша и Сулејманов.
Без победник и без погодоци заврши првиот полуфинален дуел помеѓу екипите на Тетекс и Металург.