Работнички поднесе жалба: Бараме казни за предизвикувачот на инцидентот и за тренерите на Академија ФМП

Во врска со инцидентот кој се случил минатата недела, а во кој учествуваа играчи на Работнички и Академија ФМП, клубот од Градски парк испрати жалба до Дисциплинската комисија при КФСМ.

Во жалбата КК Работнички АД бара од Дисциплинската комисија, како надлежен орган на КФСМ, да го разгледа нивното барање и истото да го усвои.

„Во врска со немилиот настан кој се случи на ден петок 27.05.2022  во кој нашиот играч беше брутално истепан од играч на екипата на Навико Академија ФМП.

Жално е што имаме еден ваков немил и непосакуван настан во кој се вклучени најмладите кои се дел од иднината и надежта на македонската кошарка.

Се започнало минатиот четврток 26.05.2022 год кога нашиот тим и клубот Навико Академија ФМП  се сретнаа во четвртфиналето од плејофот во младинската М16 лига. Нашиот кошаркар постигна резултатски највисок успех 49 поени и очигледно кај противникот предизивикал очај и револт, кои си отидоа без да се поздрават по натпреварот. Следниот ден играчот на ФМП, со уште еден свој другар го пречекал нашиот кошаркар пред училишниот двор каде што играчот на ФМП му најавил дека дошол да го тепа поради вчерашниот натпревар, бил влечкан и боксуван во пределот на главата за што имаме мединцинска белешка.

Цел овој настан на 28.05.2022 година е пријавен во полициската станица Центар и за истиот се работи на расчистување на овој случај. Исто така случајот беше пријавен и кај комесарот Александар Милојевиќ.

За овој немил и непосакуван настан веднаш беше известен и тренерот на протиничката екипа, воедно и класен раководител на нашиот кошаркар и сопственикот на клубот. Тренерите на ФМП не уверуваа дека насилникот играч нема да се појави на натпреварот и е санкциониран, како дисциплинска мерка од неговиот матичен клуб, но за жал ништо од тоа. На денот на натпреварот насилникот играч  се појави на закажаниот натпревар, дури и беше дел од натпреварот.

Бараме играчот што предизвикал физички напад вон кошаркарски терен кон нашиот играч да се казни со член 66.2, со изрекување временска забрана за играње.

Исто така бараме тренерите на Академија ФМП кои се воедно и наставници во Кошаркарската академија да бидат санкционирани поради спортски и етички причини бидејки не го казниле напаѓачот туку напротив, му дозволиле да се натпреварува. Каква порака им даваме на младите играчи, доколку не ги казнуваме кога повредуваат противнички играч надвор од теренот.

Во прилог ви се пуштени и медицинскиот документ и пријавата во полициска станица Центар.

Ве повикуваме како дисциплинска комисија најостро да го осудите овој немил настан на вандализам и насилство и заедно да бидеме пример каде гласно се кажува НЕ на насилството  меѓу најмалдите кои се иднината и синонимот за спортист кој би можел да ја претставува македонската кошарка во државата, но и надвор од нашите граници“, се наведува во жалбата на Работнички.