Работнички подобар во Ѓорче Петров, победи на Шкупи и Шкендија

Ве неделните натпревари од седмото коло во Првата македонска фудбалска лига,  најубедлив беше Шкупи кој славеше со 3:0 против Борец.

Тетовска Шкендија беше подобра од Скопје со 2-:, додека Работнички ја победи Македонија ЃП со 2:0.Шкендија поведе во мечот против Скопје во 14 минута преку Нафиу, додека триумфот за актуелниот македонски шампион го потврди Кривак во 67 минута.

Шкупи немаше милост за екипата на Борец, откако резултатот го отвори Цветановски во петтата минута, додека Сандеј Адетуљи со два гола ги постави конечните 3:0.

Останати резултати:

Брегалница – Тиквеш 2-0
Пелистер – Академија Пандев 0-0
Ренова – Струга 1-0

 

Табела:

1. Шкупи 14

2. Академија Пандев 14

3. Ренова 14

4. Работнички 14

5. Струга ТЛ 12

6. Шкендија 10

7. Брегалница 10

8. Македонија ЃП 9

9. Борец 7

10. Скопје 5

11. Пелистер 2

12. Тиквеш 2