Работнички пресилен за Карпош Соколи

Кошаркарите на Работнички ја забележаа најубедливата победа во 15. Коло во Првата кошаркарска лига, откако го торпедираше Карпош Соколи со 106:53. Гостите допатуваа како апсолутни аутсајдери во „Градски парк“, но никој не ни помислуваше дека ќе загубат со 53 поени разлика.
Интересно е дека Карпош Соколи беше достоен ривал во првата четвртина што домаќините ја добија само со 27:22, но потоа за дваесет минути игра гостите постигнаа само 14 поени (осум во вториот, шест во третиот период), што беше искористено за Работнички да стигне до преубедлива победа.
Најефикасен во тимот на Работнички беше Икониќ со 20 поени, Красиќ постигна 16, додека Соколов и Петровски го завршија натпреварот со по 15 поени.
Резултати: Куманово – Пелистер 97:91, Лирија – Вардар Апаве 87:82, Струмица – Кожув 64:81, Фени Индустри – Македонија Мл. 98:71.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.