Работнички прифатил да игра во АБА 2 лигата

 Екипата на Работнички има намера да биде македонскиот преставник во АБА 2 лигата. Ова е последната информација која доаѓа од таборот на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив што е сосема спротивна од онаа што медиумите на овие простори, српските и црногорските кои пренесоа дека центарци не одговориле позитивно на поканата.

Првиот човек на општина Центар, Саша Богдановиќ кој дефакто стои зад проектот Работнички информираше дека клубот дал зелено светло за настап и сега се чекаат документи за регистрација.

Ова дефинитивно е позитивна вест за македонската кошарка особено ако МЗТ Скопје биде промовиран во елитната конкуренција на местото на Приморска која има сериозни финансиски проблеми што значи дека мак-бескетот може да има двајца преставници во АБА натпреварувањата.