Работници на австралиска фабрика украле 250 тони лосос вредни милиони долари

Две жени и тројца мажи обвинети се за кражба на околу 250 тони лосос во вредност поголема од три милиона американски долари од преработувачки погон во Сиднеј, соопшти во понеделникот полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс.

Полицијата истрагата ја започнала во декември 2020 година, откако извршниот директор на компанијата за одгледување и преработка на лосос открил дека од неговата фабрика за преработка во Инглбурн, гратче на југозапад од Сиднеј, дневно исчезнуваат по 600 килограми лосос на ден.

Истагата резултирала со апсење на две работнички и тројца работници на спомената фабрика. Сите тие веднаш добиле отказ.

Полицијата во својот извештај наведува дека петмината вработени во фабрика „ги користеле своите позиции во компанијата за првокласните производи од лосос да ги оценувале како отпад, кој потоа во сопствен аранжман го изнесувале од погоните и ги продавале или менувале за други производи“,

Полицијата објави и дека споменатите работници, членови на синдикатот во период меѓу јуни и декември 2020 година наводно украле повеќе од 250 тони лосос.