Работниците во хемиската индустрија во Ломбардија најавија штрајк

Синдикатите на работниците во хемиската индустрија во северниот италијански регион Ломбардија најавија денеска дека ќе излезат на штрајк на 25 март за да го заштитат здравјето на работниците, затоа што владината Уредба за затворање фабрики поради коронавирусот содржи, како што наведуваат, премногу исклучоци.

Трите најголеми синдикати – Филтем, Фемка и Ултек во соопштение наведуваат дека на штрајкот во среда ќе учествуваат вработените од сите компании кои сметаат дека нивната дејност не е од суштинско значење во однос на тековните национални потреби и таму каде што безбедноста не е загарантирана.

Ломбардија е најпогодениот регион во Италија со вирусот Ковид-19, од кој досега починаа 5.476 лица во таа земја.