Работниците во Португалија со деца до 12 години ќе бидат слободни викендите

Компаниите во Португалија повеќе нема да можат да ги обврзуваат работниците да доаѓаат на работа во сабота и недела доколку имаат деца помлади од 12 години, пресуди тамошниот Врховен суд.

Единствени исклучок ќе биде доколку „вработените се незаменливи“ на своето работно место, известува португалскиот дневен весник Politico.

„Правото на усогласување на дејностите со семејниот живот и правот на заштита на татковството и мајчинството се содржани во Уставот, и не може да се одложат со други професионални права или должности“, ја цитира весникот пресудата на Врховниот суд.

Доколку португалските компании сакаат вработените, кои имаат деца помлади од 12 години, да доаѓаат на работа во сабота и неделата, ќе мора на суд да докажат дека тие се незаменливи на работното место, како и дека активноста на компанијата може да биде компромитирана со нивното изостанување.

Имајќи предвид дека во моментов дел од работниците имаат слободни викенди, постои можност работниците без деца во наведената возраст да биде оптоварени со дополнителна работа. Во врска со тоа португалскиот Врховен суд известил дека доколку нема можност да се најде решение потребно е да се примени „позитивната дискриминација во полза на семејството“.

Врховниот суд на Португалија, земја со 10,3 милиони жители, оваа пресуда ја донесе откако во 2019 година една жена од местото Алмаде, јужно од главниот град Лисабон, се жалела на одлуката на мултинационална компанија за којашто работела. Жената тврдеше дека таа и нејзиниот сопруг работата во текот на викендите за таа компанија во трговски центар, како и дека никој не може да ги чува нивните две деца додека тие се на работа.

Работничката ѝ пишала писмо на компанијата појаснувајќи ја својата ситуација барајќи слободни викенди. Компанијата, чиешто име не се наведува, тогаш ѝ одговорила дека е подготвена да ја ослободи од работа во текот на викендите но декана тоа нема да се обврзе во иднина доколку работата ја бара нејзината присутност. Случајот потоа дојде до судовите, а конечната одлука сега ја донесе Врховниот суд.