Работнички подобар од унгарски Хонвед

Фудбалерите на скопски Работнички го совладаа унгарскиот претставник Хонвед со 2:1 (1:1) во дуелот кој во средата се одигра Тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје во квалификациите за Лигата на Европа.

Работнички поведе преку Петар Петковски, кој беше прецизен во 34 минута, а гостите израмнија во 45 минута, кога Наѓ постигна гол од речиси триесетина метри.

„Романтичарите“ ја вратија предноста во 60 минута, кога погоди Николче Шаркоски, со што го постави и конечниот резултат.

Во финишот добра шанса пропушти Филип Петковски за поголемо водство пред реваншот во Будимпешта, кој е закажан за 17-ти јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.