Работник од Куманово со тешки повреди пренесен во болница

75

Кумановец паднал и се повредил на работно место по што со тешки телесни повреди бил префрлен во болница.

„На 10.10.2020 во 16.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.С.(57) од Куманово паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Индустриска“ во Куманово. Тој бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.“ велат од полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.