Работник, паѓајќи од 20 метри височина, се струполил врз случајна минувачка – двајцата се тешко повредени

255

Две лица се тешко повредени, откако утринава, во центарот на северниот дел од Косовска Митровица, работник кој паднал од зграда, чија изградба е во тек, најпрвин паднал на бетонска тераса, а потоа и врз девојче кое минувало крај градилиштето.

Работникот Б.С. паднал од третиот кат од зградата. Настанот се случил откако попуштила платформата на која стоел, па паднал од височина од 20 метри. Во тој миг минувало мало девојче врз кое паднало и дел од платформата. Сведоците зборуваат дека гледката била запрепастувачка.

Продавав цвеќиња кога ги слушнав викотниците на работниците. Истрчав и видов човекот што лежи и онесвестена девојка. Ја зедов во рацете и истрчав кон главната улица. Во тој момент пристигна и брзата помош. На пат кон болницата, таа се освести – вели Фатмир Љатифи за „Новости”.

Здравствените власти во Северна Митровица соопштија дека повредениот работник и девојчето се хоспитализирани.

На повредените тргнал да им помога и Марко Милентиевиќ, сведок на несреќата, кој вели дека работникот и деловите од платформата паднале врз минувачката.

Даските и работникот паднаа врз неа. Јас во близина работев, па помогнав да го внесеме девојчето во возилото на итната помош, а потоа работникот беше превезен со автомобил, не знам повеќе, рече Милентиевиќ.

 

Skin Delight