Работник повреден при пад во МНТ

Несреќен случај регистрирала полицијата вчера околу 13:30 часот во Македонскиот народен театар во Скопје

-В.Ч.(35) од Скопје, вработен како светло-техничар, додека изведувал работни задачи, паднал од висина и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.