Работник со тешки повреди итно пренесен во скопските клиники

На 24.06.2019 година во 11:40 часот во СВР Штип, од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Н.(63) од Крива Паланка.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека изведувал градежни работи за приватна фирма од Скопје на објект на ул„Лески“ во Штип.

По укажаната лекарска помош лицето било препратено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.