Работните групи на власта и опозицијата утре на нова средба за СЈО

Се очекува работните групи на власта и опозицијата утре да продолжат со преговорите за Законот за јавно обвинителство.

За утре е закажана и седницата на Комисијата за европски прашања на која ќе се разгледува владиниот предлог-закон. Претседателот на оваа Комисија, Артан Груби, најави дека приоритет ќе има усогласувањето на ставовите на политичките партии со што се остава отворена можноста комисиската распарава да почне од следната недела.

Премиерот денеска изјави дека власта е подготвена да попушти, но запожувајќи ги црвените линии што подразбира продолжување на предметите отоврени од СЈО.