Работодавачи: Со зголемената минимална плата до подобар животен стандард

Зголемувањето на минималната плата ќе се подобри животниот стандард, ќе се зголеми продуктивноста, но и интересот на вработените особено во ниско платените индустрии, сметаат работодавачите.

„Мораме да градиме политика која ке ги задржи нашите квалитетни работници во нашите компании и ке остави порака дека Македонија секако и покрај напорите да привлечеме повеке инветитори нема неквалификувана работна сила“, истакна Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи, за Македонската радио телевизија.

И текстилците и кожарите кои минималецот ќе го зголемуваат етапно,очекуваат новата мерка да стимулира поголема понуда на работна сила , што сега е проблем во овие ниско платени сектори.

„Сметаме дека треба да има многу поголеми плати за да се привлече работна сила во индустријата и позитино е тоа штое поврзано со нормите“, вели за Македонската телевизија Марјана од Кластерот за текстил.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија смета дека растот на платите добро ќе делува на најниско платените гранки како текстилната индустрија.

Синдикатот и инспекторатот да контролираат , на сметка на покачувањето на минималецот , работодавачите да не ја намалат просечната плата во целина и да не отпуштаат вработени.. Експертите велат – зголемувањето на минималната плата ќе ја зголеми потрошувачката и ќе има позитивни ефекти врз економскиот раст.

„Ќе се зголеми понудата на работна сила што ке го намали јазот на понудата и побарувачката во земјата, затоа што намалени придонеси и давачки од една страна и зголемени плати од друга страна ја зголемуваат заинтересираноста на одредени лица да бараат работа“, тврди Томе Неновски во изјава за Македонската телевизија.

Договорот за покачување на минималната плата од 8.050 на 10.080 денари е резултат на интензивниот дијалог што Владата го води со синдикатот и работодавачите со цел подобрување на стандардот на работниците.