Извршниот претседател на Конфедерацијата на работодавачи Миле Бошков ја поздравиновата мерка на Владата на Република Македонија со која се предвидува ослободување на работодавачите од плаќање на социјални придонеси, при вработување на млади лица до 29 годишна возраст.
Според него, оваа нова мерка за вработување е одлична како поттик за вработување на младите лица, и истата била долгоочекувана од нивна страна.
„Навистина може да придонесе онаа бројка од 50.000 млади луѓе да можат на некој начи да стекнат свое достоинствено вработување, од друга страна работодавачите се ослободени од социјалните придонеси и мерката со сигурност ќе поттикне вработување на малди лица, бидејќи ќе биде намален трошокот за овие вработени. Од друга страна и оние кои во некои случаи, дури и работеле на црно, ако им биле на товар социјалните придонеси на работодавачите, сега можат да добијат шанса за вработување. Долго време се разговараше за потребата да се изедначат условите за странските инвеститори и македонските компании, така да ова е еден од чекорите кој ќе придонесе за зголемена конкурентност, за зголемување на вработувањата, за олеснување при вработување на нови работници, така да можам да кажам дека тоа за нас беше долго очекуванио и конечно е договорено“, вели Бошков во изјава за „Курир“.
Тој истакна дека благодарение на оваа владина мерка, и оние млади луѓе кои наидуваа на потешкоти при барањето на работа поради немањето работно искуство сега ќе добијат поголеми шанси да дојдат до посакуваното вработување.
„Оние што се без искуство секогаш ќе бидат на некој начин подложни на обука и на неформално стекнување на вештини, меѓутоа на некој начин значи и поттикнување и за што повеќе вклучување на едукативни или тренинг процеси во компаниите“, додава Бошков.
Новите владини мерки со кои се врши поттикнување на вработувањата на младите лица до 29 годишна возраст во приватниот сектор, предвидува ослободување на работодавачите од приватниот сектот од задолженијата за плаќање на социјални придонеси, односно придонеси за пензиско-инвалидско, здравствено и придонеси за осигурување во случај на невработеност. Ослободувањата од социјалните придонеси за работодавачот ќе бидат во период од 12 месеци, со обврска понатаму работодавачот да го задржи на работа ангажираното лице за кое бил ослободен од плаќање на придонеси уште дополнителни 12 месеци.
Услов за работодавачите, кои ќе сакаат да вработат лица до 29 години преку оваа мерка, е да нема намалување на бројот на вработените на неопределено време од 1 јануари 2014 година па до денот на вработувањето на новите работници.