Рачни бомби и муниција пронајдени во просторија на училиште во Карпош

-Вчера во СВР Скопје, Т.С., директорка на училиште на подрачјето на Карпош, пријавила дека додека расчистувале просторија во училиштето заедно со вработениот М.Н.(43), пронашле 44 куршуми калибар 7х9, 3 рачни бомби м75 и седум алатки за активирање на мини, кои се подигнати од полициски службеници од Единицата за антитероризам при МВР, при што било констатирано дека станува збор за школски предмети, појаснуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР.