Рација во германски „Opel“ поради дизелските мотори

Полицијата и државното обвинителство во понеделникот спроведуваат претрес во фабриката за автомобили „Opel“, а истрагата е поврзана со сомневања за манипулација околу издувните гасови од дизел моторите на овој прозиведувач.

„Компанијата потполно соработува со полицијата и државното обвинителство“, соопштија од управата на „Opel“. Во соопштението, исто така, се наведува дека возилата на овој произведувач ги „исполнуваат прописите“ поврзани со емисијата на издувните гасови.

Дневниот весник Bild објави дека на околу 100.000 автомобили од марката „Opel“ со дизелски мотори биле манупулирани резултатите о испитувањата на издувните гасови.

„Opel“ досега, за разлика од другите германски произведувачи на автомобили „Volkswagen“, не беше во средиштето на истргата околу манипулациите со резултатите од тестирањата на дизелските мотори.

Германското министерство за сообраќај, меѓутоа, уште во јуни објави дека и кај „Opel“ постои основано соменвање за манипулации кај поторите со дизелски погон.