Рација во кумановско: Затворени четири спортски обложувалници

Во четири спортски обложувалници во кумановските села Оризаре, Отља, Матејче и Опае викендов била спроведена рација од страна на кумановската полиција и инспектори од Државен инспекторат при Управата за јавни приходи.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во саботата е спроведена акциска контрола во четири спортски обложувалници на подрачјето на Општина Липково и тоа во селата Оризаре, Отља, Матејче и Опае при што е констаирано е дека сите објекти работеле нелегално без лиценца за работа издадена од Министерство за финансии.

Полицијата истакна дека обложувалниците  не поседуваат решение за наплатно-исплатно место согласно Законот за игри на среќа, ниту пак имаат фискални каси.

Против организаторите и сопствениците на спортските обложувалници ке бидат поднесени соодветни пријави, додека пак од страна на УЈП ке бидат изречени соодветни глоби.

Акцијата била спроведена  од страна на полициските службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државен инспекторат при Управата за јавни приходи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.