Рачна бомба фрлена пред кафуле во Прилеп

Пред кафуле во центарот на Прилеп, денеска е пронајдена рачна бомба сѐ уште неексплодирана.

Според полициски информации, околу 12.10 часот во кафе бар во летна бавча, сопственикот Г.Т. пријавил дека нашол експлозивна направа. Нема повредени лица ниту материјална штета.

„Екипа на МВР излезe на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.