10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Рачни бомби оставени во кофа во Кичево

Во 13.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека биле најдени три бомби во кофа.

МВР информира дека 56-годишниот Љ.М. од Кичево на улицата „4-ти Јули“ во пластична кофа пронашол три рачни бомби.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Кичево безбедно ги подигнал за понатамошна постапка. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.