„Раде Кончар“ и „Американскиот колеџ“ денеска без вода

Од девет часот денеска има прекин во водоснабдувањето на улицата „Трета Македонска Бригада“.

Од „Водовод и канализација“ информираат дека поради  реконструкција  на водоводна мрежа профил ф-250 милиметри  денеска без вода  од 9 часот, па се завршување на реконструкцијата без водоснабдување ќе останат  фабриката „Раде Кончар“, „Американскиот колеџ“ и бензиската пумпа на „Окта“.