Раде Стојановиќ останува на кормилото на ГРК Охрид

Машкиот акомертен прволигаш ГРК Охрид и во наредната натпреварувачка сезона ќе биде предводена од некогашниот македонски ракометен репрезентативец Раде Стојановиќ.

Стојановиќ се одлучи да ја прифати понудата и да остане на кормилото на клубот со кој има одлични резултати во македонскиот шампионат.

Екипата на ГРК Охрид првиот дел од лигата ја заврши со максимален учинок, 12 победи во 12 натпревари.

Новата фаза момците на Стојановиќ ќе ја отворат во петок и тоа со гостински дуел против Бутел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.