Радев бара народот да одлучи за тргањето на ветото за Македонија

Бугарскиот претседател, Румен Радев нема да оди во посета на Франција на средба со францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави тој по објавата на бугарската агенција БГНЕС дека претседателот и премиерот на Бугарија заедно со претставник на бугарското МНР ќе одат на средба со францускиот претседател, за да го одобрат предлогот на Макрон за укинување на ветото за преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Во однос на изјавата на премиерот Кирил Петков дека сите одлуки во врска со спорот ќе минат преку Собранието, Радев оди чекор понатаму и навестува референдум за прашањето за Македонија.

-Што се однесува до убедувањето на премиерот дека последна инстанца за темата ‘Република Северна Македонија’ е парламентот, треба да прецизирам дека последната инстанца секогаш е народот и за негово консултирање има уставни механизми, изјави Радев.