Радев: Бугарија прави сѐ возможно за откривање на причините за трагедијата на автопатот „Струма“

Искажувам најискрено сочувство до блиските на загинатите во несреќата на автопатот „Струма“ и во домот за стари лица во селото Ројак во североисточна Бугарија, изјави во вторникот претседателот на Бугарија, Румен Радев

„Заедно сме со нашите браќа од Република Северна Македонија, заедно тагуваме со нив за трагедијата. Бугарската држава прави се што е неопходно за лекување и за откривање на причините за тие два тешки инциденти, изјави бугарскиот претседател Радев.

Изрази надеж дека повредените во несреќата ќе закрепнат што е можно побрзо. Според Радев, има многу дејствија за идентификација на загинатите, по нивното пренесување