Радев: Бугарија сака што поскоро да ја види Македонија на европскиот пат

Претседателот на Италија, Серџо Матарела, е целосно солидарен со нашиот став за пристапување на Македонија и Албанија во Европската унија, изјави шефот на бугарската држава Румен Радев по средбата во Рим со неговиот италијански колега по должност.

„Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе напредуваме кога самите земји ќе покажат јасно и неповратно дека ги исполнуваат критериумите“, рече Радев.

Како што јави БГНЕС, тој нагласи дека во моментов бугарската влада работи заедно со македонската вала и дека наскоро Бугарија ќе донира „значително количество“ вакцини за земјава.

Радев потенцира дека со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со кога заедно отапуваа во Рим, разгледувале идеја да се поканат ученици и студенти од Македонија  да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија.

„Доколку успееме да го постигнеме тоа, ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда со инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропагандиЕ, нагласил Радев.