Радев: Импичмент нема да ги наполни фрижидерите, туку плоштадите

Импичмент нема да ги пополни браните или фрижидерите на луѓето, ниту ќе ги зголеми пензиите, туку најмногу ќе ги наполни плоштадите и ќе доведе до дефинитивен колапс на Владата, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, коментирајќи ги изјавите на претставници на ГЕРБ дека е можно во Народното собрание да почнат постапка за отповикување на шефот на државата.

Во вторникот, бугарскиот претседател соопшти дека ја повлекува довербата во Владата на ГЕРБ и „Обединетите патриоти“, обвинувајќи ја за недостиг на волја за реформи и борба против корупцијата, за лошо управување со отпадот и планско кршење на законот и моралот. Радев, исто така, рече дека не зборува од позиција на политички противник, туку „како шеф на државата, со мисла и грижа за иднината на Бугарија“. Тој во вторникот додаде дека „постои акутна криза во управувањето на сите нивоа“.

Веднаш потоа, владејачката партија ГЕРБ остро реагираше, а одредени претставници заговараат почеток на постапка за импичмент.

– Само бугарскиот Парламент и бугарските гласачи можат да ја повлечат довербата во Владата. Повеќе не го сметаме за претседател на сите Бугари, изјави вчера  Георги Марков од ГЕРБ. Тој рече дека по толкуваната одлука на Уставниот суд за имунитетот на шефот на државата, побарана од главниот обвинител Иван Гешев, неговата партија ја отвора можноста да побара импичмент на Радев.

Препукувањата продолжија и денеска. Па Радев побара враќање на законите, државата, правдата и роднините од преку границите.

– Ми се чини дека живееме во држава на апсурди, вели бугарскиот претседател.