Шефот на бугарската држава, Румен Радев, утринава му изрази сочувство на својот колега, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која автобус со македонски регистерски таблички доживеа несреќа во која загинаа неколку десетици патници.
Во име на бугарскиот народ и во свое име, претседателот Румен Радев изрази искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата.
„Во ова тешко време, Бугарија и Република Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји”, се наведува во сочуството на бугарскиот претседател Радев.
Шефот на бугарската држава ги повикува одговорните институции да ги утврдат причините кои довеле до тешката сообраќајна несреќа, како и да им дадат навремена поддршка на преживеаните во несреќата.