Радев: Македонија е во состојба на вето до вклучувањето на Бугарите во Уставот

Нема да има преговори со Европската унија и во моментов, Република Северна Македонија е во состојба на вето, додека не ги вклучат македонските Бугари во својот Устав. Ова во Брисел го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев од Брисел пред почетокот на вонредниот состанок на Европскиот совет.

Како што рече Радев, ќе го постави и прашањето со европските лидери за проблемите со Република Северна Македонија. Бугарската позиција е адекватна европска позиција за РСМ, посочи шефот на државата. Тој ќе ја истакне, како што нагласи, „ескалирачката антибугарска омраза“.

-Има несовпаѓање меѓу амбициите на РСМ и преземените заложби за смирување на ситуацијата. Негирањето на постоењето на правата на македонските Бугари само ги продолжува проблемите, доведува до ново и ново насилство, до атмосфера на неказнивост, посочи Радев.

Европскиот совет денеска ќе одржи вонреден состанок, а се очекува да се разговара за поддршката за Украина, заштитата на надворешните граници и миграцијата, мерките за контрола на инфлацијата.