Радев пак просветлува: Бугарија е втор центар на цивилизацијата после Византија

Бугарија ѝ даде букви и писменост на Европа уште пред 12 век, а благодарение на старобугарската книжевност која никна во Преслав и во Охрид, Бугарија стана втор центар на цивилизацијата после Византија.

Ова е оценката на претседателскиот двоец во Бугарија, Румен Радев и Илијана Јотова кои учествуваа на Меѓународниот форум за кирилицата на тема „И ние сме му дале нешто на светот“.

„Недозволиво е денеска историјата да се менува и преиначува во корист на геополитички интереси“, вели Јотова.

Според неа, опасна е тенденцијата бугарскиот јазик да се изместува со факти кои немаат ништо заедничко со науката. Кирилицата, вели, е амблем на православието, а освен тоа, „го докажува бугарскиот придонес и во Европа и во Северна Азија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.