Радев потсети на клучните бугарски барања до Македонија

Почнати се подготовките за заедничката владина седница меѓу Македонија и Бугарија која треба да се одржи в вторник во Бугарија, за што бугарскиот премиер Кирил Петков на седницата во четвртокот на бугарската влада порачал дека сега постои можност да се направи нешто што не е направено во последните 30 години.

Петков пред своите министри најавил што очекува да биде утврдено на меѓувладината седница.

„Треба да ги достигнеме задачите што не се направени. треба да видиме како да имаме железничка линија меѓу Софија и Скопје во најкус можен рок, како да се патува побрзо со автомобил, како навистина да има половина час лет, како да има културен календар, како да се координираат образовните програми. сето тоа ќе се заокружи на претстојната владина седница на 25-ти јануари“, изјавил Петков.

Во меѓуверем додека двете влади се подготвуваат да ги формираат работните групи кои ги договорија за време на посетата на Петков на Македонија, а кои треба да ги приближат односите меѓу двете земји во делот на економијата, инфраструктурата, образованието, културата, но и историјата, од бугарскиот претседател, Румен Радев, стигна потсетување да не се заборават главните прашања кои треба да бидат решени а без кои нема отворање на вратата за преговорите на земјава со ЕУ.

„Ќе ви ги кажам и сега. Тоа е впишувањето на македонските Бугари во Уставот  рамноправно со другите народи, како заштита на нивните права и давање можност за нивно целосно интегрирање во културниот, економскиот, политичкиот живот во државата. запирање на говорот на омразата и на секакво посегнување по бугарската историја и култура“, изјави Радев.

Бугарскиот претседател притоа испрати директна порака и до македонскиот државен врв.

„Се надевам дека државното раководство на Република Северна Македнија ќе покаже мудрост и политичка зрелост, најбрзо што е можно, овие проблеми, особено правата на македонските Бугари, да бидат решени, за да може навистина да почнеме да градиме целосни односи за да може да ја отвориме вратата за вратата за старт на преговорите за членство“, порача Радев.

Повторувајќи го корпусот бугарски барања кои во јавноста беа познати како„ пет плус еден“ а кои по договорот меѓу двете влади од пред два дена околу употребата на краткото име на земјава „Северна Македонија“, станаа „четири плус еден“, Редев го изнесе и својот став за можноста од реципроцитет за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

За Радев таков реципроцитет не е можен, повикувајќи се на бугарскиот Устав кој не признава колективни, туку индивидуални права на своите граѓани.

Од македонска страна, пак, за приближување на односите меѓу двете земји стигна најава дека конечно ќе се даде предлог за амбасадор на земјава во Софија.

„Навистина беше пропуст што сиве овие години ние немавме амбасадор таму. Сѐ уште немаме утврдено име. се надевам дека во наредните денови ќе имаме предлог за амбасадор“, изјави македонскиот шеф на дипломатиијата, бујар османи во интервју за бугарската телевизија бТВ.

Македонија нема амбасадор во Бугарија од април 2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.