Радев во четврток ќе го распушти Собранието, ќе има избори „2 во 1“ на 14 ноември

Во четврток, 16 септември, претседателот на Бугарија Румен Радев ќе го распушти 46. Народно собрание, објави неговата прес-служба.

Претходно претседателот на Бугарија објави дека изборите ќе бидат „2 во 1″, односно и претседателски и парламентарни на 14 ноември..

Ова ќе бидат трети вонредни парламентарни избори годинава. На првите тесно победи Бојко Борисов, на вторите Слави Трифонов, но ниту едниот ниту другиот не успеаа да обезбедат мнозинство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.