Радев: Заев не ѝ се извини на Бугарија

По премиерот Бојко Борисов, и претседателот на Бугарија, Румен Радев смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата дека „Илинденското востание е македонско.

Шефот на бугарската држава во изјава вели дека  Заев не се извинил експлицитно, освен што изразил жалење. Радев во Варна рекол дека не е задоволен од извинувањето коешто македонскиот премиер го даде на социјалните мрежи.

„Доволно ли е тоа извинување? Вие слушнавте извинување? Јас не слушнав. Преку фејсбук не е извинување. Заев посочи дека направил грешка, но не ги исправи зборовите. За мене не е објасниво некој да каже дека бугарската влада не реагира така како што треба да реагира. Според мене, недозволиво и неприфатливо е евроатланската перспектива на Македонија да биде ставена пред бугарската историја, идентитет и суверенитет. Не може долгорочните интереси на Бугарија се жртва на политичкиот маркетинг“, рекол Радев, пренесе МКД.

Радев притоа рекол дека не може да се’ се подведува под политички пи-ар“ и да на се мисли „долгорочни“. Поради тоа ја повикува бугарската влада да процени дали има прекршување на некоја од точките од Договорот за добрососедски односи,

Бугарскиот претседател очекува неговата земја да спроведе мерки за санкционирање на Македонија, нагласувајќи дека Бугарија ги има сите основи склучување за дополнителен анекс-договор за промена на односите со Македонија.

Претходно во петокот премиерот Заев им се извини на премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, како и на „пријателите и браќата“ Бугари, со свој фејсбук статус, за зборовите кажани во телевизиското интервју на 1ТВ на 4-ти август, дека Илинденското востание е македонско.

Овој пост следува еден ден по предупредувањето од Борисов дека „кога ќе дојде време Бугарија да го искаже своето мислење за пристапување на Македонија кон ЕУ, ќе се сети на овие зборови и ќе донесе своја одлука“.

Еве што напиша премиерот Заев:

„Гледам во пријателска Бугарија се отвори јавна дебата и се постави дури и прашањето за тоа дали ние двете земји и двата народи градиме ИСКРЕНО пријателство и соработка.

Сакам да им порачам на сите граѓани, дури и на критичарите во Македонија и во Бугарија, да немаат дилема дека пријателството и соработката се искрени. Ние повеќе од една година чествуваме заеднички делови од историјата меѓу двата народи, неколку пати заедно одбележуваме историски настани. Јас сум првиот премиер на Македонија што во Бугарија (Благоевград) се поклони пред споменикот на Гоце Делчев при заедничкото одбележување на празникот.

Претходно мојот пријател, господинот Борисов, беше прв бугарски премиер кој се поклони пред гробот на Гоце Делчев во Македонија (Скопје) при заедничкото одбележување на празникот. Заедно двајцата претседатели на влади се поклонивме и пред споменикот на Цар Самоил во Софија. Заедно во Рим, во Ватикан оваа година ги славевме Светите браќа Кирил и Методиј, заедничките сесловенски просветители. Премиерот Борисов дојде во Скопје специјално да се поклони пред споменикот на Холокаустот на Евреите.

Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство“, се вели во Фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев.

Меѓутоа во Софија регираат на „бавната“ ракција на бугарските челници на изјавата на Заев и во понеделникот. Така, политичкиот аналитичар професорот Михаил Константинов за Радио Фокус изјави дека „изостанала моментална ракција по антибугарската постапа на македонскиот премир Зоран Заев, како од страна на премиерот Бојко Борисов, така и од претседателот Румен Радев“, во контекстот на несинхронизираноста во реакциите на надвоешнополитички случувања на тамошниот државен врв.