Радичевиќ и Ѓокиќ во Ол – Стар тимот во ЛШ

Македонскиот шампион во женсака конкуренција Вардар СЦБТ има две претставнички во Ол – Стар тимот во Лигата на шампионите. Црногорката Јованка Радичевиќ е избрана како најдобро десно крило и Ана Ѓокиќ како најдобар пивот се избрани во Ол -стар тимот за изминатава сезона според изборот на 20.000 ракометни фанови во анкетата од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Целиот Ол – стар тим викендов ќе биде присутен и на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Интересно е дека од вкупно осум ракометарки кои се во изборот, заедно со најдобрата дефанзивка, дури пет се репрезентативки на Црна Гора, плус по една Унгарка, Бразилка и Германка.
. Во Ол – стар тимот се најдоа следниве ракометарки.

ГОЛМАН: Клара Волтеринг (Будуќност, Германија) 6.113 гласа (35,65%)
ЛЕВО КРИЛО: Мајда Мехмедовиќ (Будуќност, Ц. Гора) 8.095 (44,1%)
ЛЕВ БЕК: Едуарда Аморим (Ѓер, Бразил) 7.779 (42,4%)
ПИВОТ: Ана Ѓокиќ (Вардар, Ц. Гора) 8.265 (45%)
СРЕДЕН БЕК: Анита Горбич (Ѓер, Унгарија) 7.462 (40,1%)
ДЕСЕН БЕК: Катарина Булатовиќ (Ѓер, Ц. Гора) 10.796 (58,8%)
ДЕСНО КРИЛО: Јованка Радичевиќ (Вардар, Ц. Гора) 10.886 (59,3%)
НАЈДОБАР ДЕФАНЗИВЕЦ: Сузана Лазовиќ (Будуќност. Ц. Гора) 8.113 (44,2%)