Радичевиќ: Игравме и против судиите

Десното крило во редовите на македонскиот шампион Вардар СЦБТ, Црногорката Јованка Радичевиќ , изјави дека во полуфиналето на фајнл форот во Лигата на шампионите во Будимпешта, не играле само против Будуќност , туку и против судиите.

„Честитки за Будуќност за пласманот во финалето и му посакувам многу среќа на мојот тим во финале. Знаевме дека пред нас е тежок меч и добро се подготвивме за него, но сепак сум многу разочарана бидејќи сметам дека вечерва не игравме само против Будуќност, туку и против судиите“, изјави Радичевиќ за црногорскиот портал “хендбалме.ме”.