Радикални исламисти ќе ја освојуваат Мека

Покрај воведување „калифат“ во Ирак и Сирија, радикалните исламисти најавија и освојување на Мека и уништување на Каба.

„Со помош на Алах, ќе ги убиеме оние кои се поклонуваат на камења и ќе ја уништиме Каба”, изјавил претставникот на исламската држава Абу Туран, пренесуваат турските медиуми.

Радикалните исламисти, кои се на територијата на Ирак и Сирија прогласија исламска држава, поставија нова цел, завземање на Мека.

Исламистите, исто така, изјавија дека наскоро ќе го завземат Арар во Саудиска Арабија. Новата исламистичка закана следи по серијата успеси во Ирак, по што тие сериозно се заканија и на главниот град Багдад.

Во овој град, пишува Фајненшл тајмс, подготвени да исламистички групи, кои само чекаат за сигнал за да започнат напад.

Во исто време, исламистите ја нападнаа со минофрлачи и познатата џамија Ел Аскари во Самара, при што загинаа неколку луѓе.

Нападот на таа џамија во 2006 година беше причина за почетокот на војната меѓу шиитите и сунитите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.