Радовишанец почина во тешка сообраќајна несреќа

Радовишанец почина во тешка сообраќајна несреќа. Несреќата се случила синоќа во 01,00 часот во Радовиш, на крстосницата од булеварот „Александар Македонски“ и ул.„Шампионче“.

Како што информираат од МВР, во несреќата се судриле патничко моторно возило „Волксфаген“, управувано од Трајчо Ј.(1958) од Радовиш и патничко моторно возило „Ауди“ управувано од Д.Р.(1988) од Радовиш.

Радовишанец почина во тешка сообраќајна несреќа.
Радовишанец почина во тешка сообраќајна несреќа.

Трајчо е пренесен во јавната здравствена установа-Радовиш, а од таму е препратен во Клиничката болница во Штип. Радовишанецот на пат кон болницата во Штип им подлегнал на повредите и починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Радовиш.

Едно лице почина во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Охрид

Инаку, во текот на вчерашниот ден МВР извести дека едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево.

Несреќата се случи пред два дена околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за село Годивје се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице, Лазо Н. (43) од селото Издеглавје општина Дебарца го загуби животот.

Како што информираат од МВР, Лазо Н. управувајќи моторно возило марка „Застава-101“ изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во бетонски sид од шахта за атмосверска вода која, на тој потег од патниот правец била во изградба.

На местото на тешката сообраќајна незгода за кратко време пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт.

По овластување на јавниот обвинител, полициски екипи од СВР Охрид извршија увид на лице место. По наредба на јавниот обвинител, денес врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и вештачење врз патничкото моторно возило.