Радовишки „Бучим“ слави 40 години од своето постоење

82

Рудникот за бакар и злато „Бучим“ во Радовиш денеска слави 40 години од своето постоење, и 15 години откако компанијата „Солвеј“ го презеде овој рудник и стопанисува со него. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, Министерот за здравство, Венко Филипче, како и сопствениците Александар и Дан Бронштејн присуствуваа на свеченоста по повод  Денот на рударите.

Премиерот, Заев истакна дека рударството е еден од темелите на нашата економија, сектор во кој се вработени над 10.000 рудари и работници.

-Рударството учествува со 8,9 проценти во вкупното индустриско производство. Рударството претставува една од најстарите човечки дејности и потекнува уште од праисториско време. Оваа стопанско -индутриска гранка денес има клучна улога во обезбедувањето на основните суровини и енергенси за производство во индустријата, градежништвото, електростопанството, сообраќајот и комуникацијата, вели Заев.

Забележа дека „Бучим“ веќе 40 години придонесува за локалниот развој на Општина Радовиш и се уште е единствениот рудник за бакар и злато во земјава.

Александар Бронштајн сопственик на компанијата „Солвеј“ пред рударите и гостите по повод одбележувањето на 40 години од постоењето на рудникот, како и на Денот на рударите истакна дека пред 15 години го купиле рудникот во лоша состојба, но тој денеска обезбедува егзистенција на околу 700 рудари од радовишкиот и југоисточниот регион. Иднината на вработените во „Бучим“ ја гледа во отварањето на новиот коп „Боров Дол“, којшто се наоѓа на неколку километри од управната зграда, а на територија на општините Конче, Штип и Радовиш.

Просечната плата во рудникот Бучим е околу 550 евра, а годишно произведува од 8.000 до 10.000 тони бакар и од 500 до 900 килограми злато. Бронштајн на премиерот Заев му подари часовник изработен од катоден бакар, а вредносни ваучери добија општините Радовиш, Конче и Штип. Како општествено одговорна компанија помага и при изградбата и реконструкцијата на градинки и училишта во Општината Радовиш.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.