12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Рафајловски: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е стабилна, а СДСМ нуди нешто што не може да исполни

Изборната програма и проекциите во сферата на економијата кои ги нуди опозициската ВМРО-ДПМНЕ се пореални со актуелната состојба и постабилни, отколку ветувањата и параметрите содржани во програмата на владејачката СДСМ, оцени во четвртокот стопанственикот Горан Рафајловски утринава во една од утринските програми.

„Оној пораст којшто треба да го доживееме во наредните години не можат да се остварат поголем дел од мерките што се замислени. И тоа таа разлика е драматична. За жал, поголема во СДСМ и нивната програма, во ВМРО таму е постабилна, морам да кажам, нека се лутат кој како сакаат, не зафаќам страна“, нагласи Рафајловски, еминентен економски консултант кој повеќе години мина раководни коморски функции.

Рафајловски додаде дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е многу постабилна во делот на желбите и можностите, дури предвидувањата дека оваа година ќе се оди со -5 отсто од бруто домашниот произвор (БДП-, а ќе порасне меѓу 4 и 5 отсто БДП за еден мандат, што звучи реално.

Од друга страна, додава Рафалјовски, СДСМ има ветувања доколку се погледне растот на Буџетот и останатите параметри кои не можат да се исполнат.

Според него, СДСМ не може да ги зголеми пензиите како што ветува или, пак, платите, кога се знае колкав Буџет има Македонија и со каква криза се соочува земјата.