Рафајловски: Власта не е транспарентна за спорот Македонија – Бугарија, a тоа создава дополнителни проблеми

Ние имаме нетранспарентен прилив на информации во врска со спорот со Бугарија и како тоа ќе се одрази на вклучувањето на Македонија во ЕУ, како и добивање на датум за старт на преговори со Брисел, рече Горан Рафајловски, поранешен амбасадор на гостувањето во емисијата „24 анализа“ што се емитува на Телевизија 24.

Рафајловски вели дека политичарите се платени од Буџетот и тие треба да бидат поискрени за разговорите и за целата ситуација во врска со спорот со Бугарија

„Ние имаме недостаток на искрени информации. Нашето опшество поради ова е збунето и се еагира емотивно, во тоа треба да помогнат политичарите. Тоа не е случај во Бугарија“, вели амбасадорот.

Според него Македонија има огромна шанса бидејќи основната теза е дека  тоа е билатерален спор.

„И Герамнија јасно вели дека тоа е билатерален спор. Исто така кажува дека треба да биде решено меѓу двете држави. Нашите политичари треба подеднакво да разговараат со сите, во спротивно се создаваат барикади и тоа не води кон решение“, смета Рафајловски.

Амбасадорот објаснува дека во овој спор никој не попушта, Бугарија има цврсти позиции, а ние влеговме во преговорите како две блиски држави кои имаат заедничка историја.

„Сега се наоѓаме во една шах мат позиција, бидејќи Бугарите не се убедени дека политичката елита која го потпиша Договорот реално и искрено работи на имплементација на истиот, и двете страни се забарикадирани. И ние очекуваме помош од Германија, ама Германија е пријател и на Бугарија и Грција. Тоа пријателство не е ни помало ни поголемо од нашето пријателство“, рече Рафајловски.