Рафаел Надал утре се жени

Невестата избрала венчаница во Барселона, а венчавката ќе ја изврши свештеникот Томеу Катала, пријател на семејството Надал.

Шпанските медиуми пренесуваат дека на раскошната свадба на популарниот тенисер ќе се соберат повеќе од 500 гости, меѓу кои и Кристијано Роналдо, По Гасол, Енрике Инглезијас, Фелисијано Лопез.

За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кики Дакоста, а Рафа ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба.

На гостите ќе им биде забрането користење на мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи снимање со дронови. Приватните авиони нема да можат да го надлетуваат местото на венчавката за да се спречат обидите на папараците да дојдат до ексклузивни фотографии.