Рафиња ќе игра за ПСЖ

Неколку минути пред затворањето на преодниот рок кој заврши на полноќ во понеделникот, Рафиња Алкантара потпиша за Пари Сен Жермен, пренесуваa шпанските медиуми.

Играчот од средниот ред на Барселона заминува за Париз без трансфер такса, но со потенцијални 3,5 милиони евра во форма на клаузули.

Покрај тоа, каталонскиот клуб ќе добие 35 отсто од последователната продажба на Бразилецот.

Во последните години Рафиња минуваше периоди на позајмица во Селта и Интер и немаше никакви индиции дека Роналд Куман ќе се потпира на него