Раимонда Реци, првата жена од ОВК повикана во Хаг

Повикот за сослушување во Специјалниот суд во Хаг го доби првата жена припадник на т.н. Ослободителна војска на Косово (ОВК), Раимонда Реци .

Реци на својот фејсбук-профил потврди дека добила покана и додаде дека ѝ е голема чест што ќе биде единствената жена која може да се најде во специјалниот суд.

Денес од Приштина треба да отпатува првата група поранешни команданти и членови на т.н. Ослободителната војска на Косово во Хаг, кои ќе бидат сослушани во специјалниот суд формиран со цел да се утврдат злосторствата на таа паравоена формација за време на последната војна против Србите, нелојалните Албанци и припадниците на другите малцинства.

Реци вели дека нејзиното име цело време е во игра од почетокот на декември, кога почнале да пристигнуваат првите повици на специјалниот суд.

Во поканата се наведува дека ќе бидам сведок, но тоа не е ништо ново. Последниот пат кога ја уапсија групата Клечка моето име се споменуваше и тогаш, но јас во тоа време се борев со сериозна болест – рак, напиша Реци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.