Раиола: Само морон не користи фудбалер кој е купен за 79 мил. евра

Мино Раиола, агентот на најголемата ѕвезда во дресот на францускиот гигант ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, повторно вербално го нападна сега актуелниот тренер на Баерн (М), Пеп Гвардиола и повторно кај него ја лоцираше вината за неуспешната авантура на Ибракадабра на “Ноу Камп”.

„Кој друг да го брани Ибрахимовиќ ако не го бранам јас? Златан беше крал во Милано, а потоа беше никој и ништо на “Ноу Камп”. Кој е виновен? Гвардиола е виновен за се. Не веруваше во мојот клинет, Златан не ја доби потребната подршка и не доби одговор на поставените прашања. Гвардиола не може да даде одговор на ниту едно прашање, не сака да признае дека има направено голема грешка. Ако признае, тогаш ќе си ја навреди сопствената интелегенција. Само морон не користи фудбалер кој е купен за 79 мил. евра. Не се секирам поради големата криза која владее на “Ноу Камп”. Јас немам никаков респект кон клубот кој немаше никаков респект кон мојот фудбалер”, изјави Раиола.